Сан Франциско ми плаќа 800 долари да бидам бездомник – би бил луд да не прифатам

Сподели со своите пријатели

Американскиот новинар и писател Мајкл Шеленбергер вршел истражување меѓу бездомниците на улиците на Сан Франциско кога сретнал постар бездомник познат само како Џек.

Loading...

Тој побарал дозвола да го сними, на што се согласил. Она што го кажа шокираше милиони Американци, пренесува Daily Mail …

– Јас сум стар наркоман. Нема да го кријам тоа. Но, ова е мојот избор сега. Премногу е едноставно, човече. Ми плаќаат 620 долари месечно, плус околу 200 долари за храна за да живеам на улица. Ако сакаме да бидеме реални, градот овде ве плаќа да бидете бездомници. Секако, ја искористив оваа прилика, не морав ни да се потрудам, доволен беше само еден телефонски повик – ја започнува приказната Џек и веднаш продолжува:

 

 

– Зошто не би го прифатил тоа? Тоа се бесплатни пари! Не сакам да плаќам кирија и други сра*а. Имам се што ми треба тука. Го имам мојот мобилен телефон на кој имам Нетфликс и Амазон за да можам да уживам во серијата.

И покрај „предностите“ кои ги наброја, Џек вели дека животот на улиците на оваа американска метропола станува многу опасен…

Loading...

– Дилерите им продаваат нечиста стока на луѓето, а полицијата го гледа сето тоа и не им е грижа. Буквално ги гледаат на оддалеченост од три метри и нема да реагираат. И еден куп од нив земаат мито. Сега можам да те одведам до мртво тело. На никој не му е гајле. Луѓето се предозираат и умираат на секој чекор – вели Џек.

 

 

Според проценките на американските медиуми, во областа Сан Франциско живеат околу 30.000 бездомници. Многу од нив се зависници од дрога.

„Спасив шест луѓе само минатата недела. Ми доаѓаат деца и се обидуваат да купат опасни работи. Се трудам да ги научам како да консумираат нешто, знам дека не можам да ги спречам – рекол на крајот овој бездомник.

Само на Твитер досега видеото го погледнале околу 800.000 луѓе. Многумина од нив оставија и свое мислење во коментар.

Некои од нив сметаат дека Џек и сличните „крадат“ од државата, а другата половина бараат подобри услови и програми за рехабилитација за бездомниците и зависниците од дрога.

Loading...