Четири локации во Куманово се без вода поради дефекти на водоводната мрежа.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улицата „Димитар Влахов“ бр. 32 и околните објекти, населбата Вера Которка каде има детекција на дефекти поради намален притисок и улицата „Јане Сандански“ каде се врши контрола на притисок. Дефекти се откриени и на главен доводен вод Ф500.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Никола Ивановски

