Уганда мора да плати на Конго 325 милиони долари

Сподели со своите пријатели

На Уганда и е наложено да плати 325 милиони долари на пет годишни рати на Демократска Република Конго како компензација за нејзината улога во конфликтот во таа земја, јавува Би-Би-Си.

Loading...

Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Уганда ги прекршила меѓународните норми како окупаторска сила во ДРК од 1998 до 2003 година.

Судиите утврдија дека Уганда е одговорна за смртта на 10.000 до 15.000 луѓе на истокот на ДРК, а меѓу војниците беа пронајдени украдени злато и дијаманти.

ДРК бараше отштета од 11 милијарди долари, но судиите отфрлија одредени делови од барањето и досудија многу помал износ.

Уганда треба да плати отштета од 2002 до 2026 година, а првата рата од 65 милиони долари до септември оваа година.

Во пресудата се наведува дека 225 милиони долари се штета за повредените, 40 милиони долари за имотот и 60 милиони долари за украдената стока.