Зграда се урна денеска во северозападна Сирија, при што загинаа една жена и нејзините три деца, додека нејзиниот сопруг и три други деца преживеаја.
Loading...
Уривањето на зградата во близина на градот Идлиб најверојатно е предизвикано од дожд и снег кои непрекинато паѓаат со недели.
Сириската цивилна одбрана соопшти дека операцијата за спасување траела околу четири часа.
Една жена и едно дете веќе биле мртви кога биле пронајдени, додека две деца им подлегнале на повредите во болница.
Таткото и децата на преживеаните се хоспитализирани.
Провинцијата Идлиб е последното упориште на бунтовниците кои се борат против сириската влада во граѓанската војна.