Девојче (9) од Алабама е обвинета за напад откако наводно со метла го претепала својот помал брат (4), кој подоцна починал.
Судските записи покажуваат дека Јоланда Кол (53), тетка и законски старател на момчето, и рекла на полицијата дека во четвртокот ја разбудило дете кое врескало.
Таа рече дека го затекнала девојчето како го удира својот брат со метла, при што го повредила.
Полицијата го пронашла момчето во несвест на лице место, а Кол била обвинета за тешко малтретирање на деца следниот ден.
Судските записи додаваат дека девојчето било обвинета за напад, пренесува ABC News.
Кол има кауција од 150.000 долари.
Момчето имало повреди по телото кои покажуваат долгогодишно малтретирање, покажале записите, додека обдукцијата ќе ја открие причината за смртта.
Никој досега не е обвинет за неговата смрт.