Седум казни вчера изрекла кумановската полиција на возачи кои не дале предност на пешаци на пешачки премин, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово
– На подрачјето на СВР Куманово во текот на вчерашниот ден (09.02.2022) од 15.00 до 20.00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачите кои не даваат првенство на минување на пешаците на пешачки премин, стои во соопштението.
Како што потенцираат од полицијата, при контролата констатирани се 7 прекршоци и на возачите им биле изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидени глоби.
Од СВР Куманово апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
– Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано, велат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Никола Ивановски

