Кумановец вршел меѓународен превоз на патници без документација

Сподели со своите пријатели

Четири патнички возила и еден автобус вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација, констатирала полицијата во текот на изминатите два дена на Граничниот премин Табановце. Меѓу лицата е и еден кумановец.

– На 08. и 09.02.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и од Одделението за прекуграничен криминал Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север била извршена контрола на четири патнички возила и еден автобус кои вршеле меѓународен превоз на патници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат оттаму, при контролата се откриени четири превозници без соодветна документација.

– При контрола на возилата „мерцедес“, со струмички регистарски ознаки, управувано од К.А.(38) од Струмица, „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.К.(32) од Република Бугарија, „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(42) од Куманово и „сеат алхамбра“, со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Т.(28) од Струмица, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, стои во соопштението на полицијата.

Исто така, при контрола во автобус, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.М(42) од с.Горна Бањица, гостиварско, било констатирано дека врши меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

Никола Ивановски