Париската полиција во четвртокот објави дека ќе го забрани протестот на мотоцикли „Конвој на слободата“ во француската престолнина од 11 до 14 февруари, инспириран од демонстрациите во Канада против епидемиолошките мерки наметнати поради корона вирусот, пренесува Хина, повикувајќи се на Ројтерс.
Демонстрантите маршираа од јужна Франција во таканаречениот „Конвој на слободата“ до Париз во средата за да побараат прекин на епидемиолошките мерки.
Организаторите рекоа дека ќе го „блокираат главниот град“ од петок навечер.
Протестот беше инспириран од слични демонстрации во Канада.
„Ќе се воведат посебни мерки (…) за да се спречат блокади на патиштата, да се казнат и приведат прекршителите на оваа забрана“, се вели во соопштението на префектурата.
Приближно 200 демонстранти се собраа на паркинг во Ница, на францускиот медитерански брег, од кои многумина истакнаа канадски знамиња како поддршка на возачите на камиони во Канада кои протестираа против епидемиските мерки таму. Конвои, исто така, ги напуштија Бајон и Перпињан.
Демонстрантите треба да пристигнат во Париз во петок навечер, а некои повикуваат на преселба во Брисел со цел да се постигне „европско усогласување“ во европската престолнина во понеделник.
Организаторот на забранетите демонстрации може да биде казнет со казна затвор до шест месеци и 7.500 евра“, објаснуваат од префектурата. Казни се предвидени и за учесниците, јавуваат агенциите.