Зеленски: Руско-белоруските воени вежби се психолошки притисок врз Украина

Сподели со своите пријатели

Во четвртокот, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја осуди акумулацијата на руски војници на украинската граница како начин на „психолошки притисок“, на денот кога започнаа руско-белоруските воени вежби на белоруска територија.

Loading...

„Сметаме дека собирањето војници во близина на нашите граници претставува психолошки притисок од нашите соседи“, рече Зеленски во изјавата од неговиот кабинет.

„Нема ништо ново. Што се однесува до ризиците, тие постојат и никогаш не престанале од 2014 година, годината на руската анексија на Крим и почетокот на конфликтот со сепаратистите поддржани од Москва во источна Украина“, додаде тој.

 

Русија и Белорусија започнаа заеднички воени вежби

 

„Прашањето е нивото на ризик и начинот на кој реагираме“, продолжи тој.

Москва претходно во четвртокот објави дека руската и белоруската армија започнале заеднички воени вежби во Белорусија кои треба да траат десет дена.

Loading...

Москва има собрано повеќе од 100.000 војници на границата со Украина од ноември.

Оваа недела, украинската армија спроведува свои маневри на целата територија, користејќи турски борбени беспилотни летала и противтенковски ракети кои и ги доставија Лондон и Вашингтон.