Кражба на регистарски таблици од три автомобили во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три возила во Куманово останале без регистарски таблички, откако на булеварот „Октомвриска револуција“ непознат сторител ги украл.

– На 09.02.2022 во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска Револуција“ во Куманово биле одземени регистарски таблици од три патнички моторни возила, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од полицијата, додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски