Колку заработуваат актерките во филмовите за возрасни и кои сцени се најплатени?

Сподели со своите пријатели

Можеби многумина се убедени дека порно актерите заработуваат ненормални бројки, но вистината е сосема поинаква.

Loading...

Отсекогаш се претпоставуваше дека платите на порно актерите се состојат од чудесни бројки.

Со оглед на соблекувањето, жешката акција и сексуалната активност пред камера, не е чудно што таквата теорија преовладува.

Сепак, еден од водечките агенти во порно индустријата, Дерек Хеј од „LA Direct Models“, открива дека заработката во овој бизнис е прилично мала.

Дерек во своето друштво има над 2.000 порно актери, а како што вели цената зависи од тоа што се подготвени да направат.

 

 

Loading...

Ако жените се согласат на анални сцени, двојна пенетрација, ќе заработат повеќе, но тоа не важи за мажите.

Како што истакнува Дерек, жената во порно филмовите треба да ја има главната улога, додека улогата на маж е споредна.

Причината за тоа лежи во статистиката дека публиката на порно филмовите е 70% мажи и 30% жени.

Дерек откри дека актерките во просек заработуваат околу 1.000 долари за секс сцена со маж, додека секс сцена со жена ќе чини околу 700 долари.

Тие цени варираат за околу 10%, во зависност од тоа дали актерот или актерката е познат, нивната возраст, изглед и агент.

 

 

Loading...

„Жените, поради која било посебна причина – како снимање на нејзината прва анална сцена, прва меѓурасна сцена, прва сцена со тројца, четворица или пет мажи итн., се наплаќаат дополнително и дополнително за таквите сцени“, изјави Хеј за Independent, истакнувајќи дека обично е помеѓу 2.000 и 6.000 долари.

Иако јазот во платите меѓу мажите и жените е претежно сеприсутен, порно индустријата е исклучок.

Филмовите најмногу се фокусирани на жените, нејзините гениталии, телото и лицето.

 

 

Дополнително, сè уште постои општо мислење дека жените се тие кои најмногу губат доколку се вклучат во овој бизнис, пред се размислуваат за угледот.

Така, мажите во порно филмовите се „поевтини“ бидејќи заработуваат од 100 до 150 долари по сцена.

Loading...

Интересно, статистиката покажува дека секоја секунда 300.000 луѓе гледаат порно филмови на интернет, од кои жените сочинуваат 25% до 33% од гледачите.