Велешанец извршил осум кражби во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишен жител на Велес бил приведен под сомнение дека сторил осум кражби во Куманово.

– На 08.02.2022 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Д.(20) од Велес поради постоење основи на сомнение дека во тек на месец декември извршил 8 (осум) кражби во угостителски и деловни објекти во Куманово, при што одзел пари и други предмети, информираат од Секторотот за внатрешни работи Куманово.

Тој ги признал извршените кривични дела и бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.