50 години од премиерата на култниот филм „Кум“

Сподели со своите пријатели

Во 1972 година режисерот Френсис Форд Копола го сними култниот филм „Кум“ со Марлон Брандо и Ал Пачино во главните улоги.

Loading...

Филмот е адаптација на истоимениот роман, напишан од Марио Пузо.

Приказната на филмот опфаќа период од 10 години (1945-1955) и го следи италијанско-американското семејство Корлеоне.

Филмот беше награден со наградите на Американската филмска академија за најдобар филм, најдобар актер и најдобро адаптирано сценарио и беше избран за чување во Националниот филмски регистар на САД.

Тој е рангиран и како втор најдобар филм во историјата на американската кинематографија, зад „Граѓанинот Кејн“ на листата на „100 години … 100 филмови (10-то јубилејно издание)“ на Американскиот филмски институт.

Тој исто така беше рангиран на второто место на листата „250 најдобри“ на IMDb, прв на листата на 100 најдобри сајтови „Метакритик“ и меѓу првите 10 на листата на најдобри филмови на сите времиња „Ротен Томатос“.

Филмот првично бил одбиен од италијанскиот режисер Серџо Леоне.

Дванаесет години подоцна, сепак, го снимил криминалниот филм „Беше еднаш во Америка“.

Loading...