Државјанин на Босна и Херцоговина вчера бил приведен на Граничнипт премин Табановце, откако по него била распишана потерница од Интерпол.
– На 31.01.2022 во 22.40 часот на Граничниот премин Табановце, при извршена контрола и проверка било утврдено дека С.П.(30) од Босна и Херцеговина бил баран од Интерпол, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Никола Ивановски

