Приведени две лица од Липково поради поседување марихуана

Сподели со своите пријатели

Поради поседување марихуана, две лица од липковско вчера биле приведени.

– На 31.01.2022 во 19.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Ј.М. (25) од село Слупчане, општина Липково и З.А.(39) од село Оризаре, општина Липково, затоа што кај нив била пронајдена марихуана, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски