Липковец украл регистарски таблици и ги поставил на возило без документација

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен жител на Липково се сомничи дека украл регистарски таблички од возило во Скопје и ги поставил на возило за кое не поседувал соодветна документација.

Истиот вчера бил приведен.

– На 31.01.2022 во 17.05 часот на ул.„11-ти Ноември“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Р.(38) од село Матејче, општина Липково. Тој се сомничи дека на подрачје на Скопје одзел регистарски таблици од возило „опел вектра“, сопственост на М.Ч. од Скопје и ги поставил на возило „волво“, за кое не поседувал соодветна документација, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Тој бил приведен во полициска станица, а возилото и регистарските таблици му биле одземени.

– По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од кумановската полиција.

Никола Ивановски