Ковид сертификатите нема да се укинат, но не се размислува ниту за воведување дополнителни мерки за заштита од ширење на вирусот, рече денеска министерот за здравство Беким Сали.
Како што појасни министерот има благо покачување на бројот на хоспитализирани пациенти со ковид, но ситуацијата вели се контролира.
– Ја контролираме ситуацијата, капацитети на кревети има сосема доволно, и од асапект на кадар сме добро организирани, нам ни останува да почекаме малку за бројот да почне да се намалува, вели министерот.
Пикот е во полн ек, но не се размислува ниту за нови мерки, ниту за укинување на ковид сертификатите.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.191, бројот на оздравени пациенти е 239.694, на починати е 8.383, а бројот на активни случаи изнесува 20.114.