Министерството за одбрана продава службени армиски кучиња

Сподели со своите пријатели

Македонското Министерство за одбрана објави на продажба 11 службени кучиња по цена од 60 до 200 евра.

Loading...

Се продаваат осум германски и три белгиски овчари.

Кучињата се стари меѓу шест месеци и година ипол, а објавувањето на огласот предизвика остри коментари во македонската јавност, бидејќи овие животни поминале низ комплетна обука.

Кучињата се наоѓаат во Центарот за обука и дресирање на кучиња во касарната „Ѓорче Петров“ и можат да се видат на 2 февруари од 12 до 13 часот. Аукцијата ќе се одржи во петок (11 февруари) со почеток во 11 часот.

Право на учество на јавното електронско наддавање имаат сите домашни и странски физички и правни лица кои ќе уплатат 2 отсто од проценетата вредност на кучето за кое се заинтересирани.