„Господине, тангите не се маска. Ве молиме напуштете го авионот“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

38-годишен маж од американската сојузна држава Флорида бил исфрлен од летот на Јунајтед ерлајнс оваа недела бидејќи носел танга наместо маска на лицето, објавија канадските медиуми.

Loading...

Тој подоцна им кажа на новинарите дека ова е негов начин да протестира против „глупавите правила“.

– Тоа е ужасно апсурдно. Значи морам да носам маска додека не достигнеме одредена висина, потоа можам да повикам стјуардеса да ми донесе храна и пијалак, а законот вели дека тогаш не ми треба маска. Те молам објасни ми како има смисла – изјави 38-годишниот Адам Џене.

Персоналот на авионот немал претерано разбирање за неговиот протест, неколку пати барале од него да стави соодветна маска на лицето, но тој одбил.

Поради тоа бил исфрлен од летот, по што бил проследен со аплауз од неколку патници.

Но, имаше и такви кои го напуштија летот во знак на поддршка на Адам.

Инаку, ова не му е прв пат на Адам да биде исфрлен од летот поради неговата танга. Неодамна „Делта ерлајнс“ му го направи истото…

 

Loading...