Екипите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“спроведоа акција за чистење во населбата Гоце Делчев.

Како што информираат од претпријатието, акцијата била спроведена по должина на улицата „Бранко Богдански Гуцман“ каде биле расчистувани тротоари, ивичњаци и сите крстосници на кои бил затекнат било каков вид смет.

Претходно беше спроведена и акција за чистење на дивата депонија и отпад кај Општинското основно училиште „Толи Зордумис“.




Никола Ивановски

