Кошаркарите на Куманово вечерва забележаа пораз од ТФТ на гостински терен во рамките на 14то коло од домашното првенство со резултат 109:100.
ТФТ ја доби уводната четвртина од средбата во СРЦ „Кале“ со (27:23), но Куманово 2009 одигра многу подобро во втората. Не само што се вратија во мечот, туку кумановци го превземаа водството во овој меч.
Во 16. минута од играта поведоа со (46:41).
Зивчевиќ и Абром (кои искомбинираа 28. поени) со помош на Глигоријевиќ (додаде уште девет) беа творците на пресвртот во играта.
Кумановци имаа уште повисоки (49:41). Но со серија од (7-0) ТФТ се доближи до поен негатива (48:49) на истекот на првото полувреме.
Ова е втор пораз за кумановци во вториот дел од сезоната, откако минатиот викенд на домашен терен загубија од Гостивар.