Шеснаесет лица во Куманово ноќва биле казнети поради управување возило под дејство на алкохол.
– На (28/29.01.2022) во периодот од 22.00 до 03.00 часот на територија на СВР Куманово спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 16 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Контролирани 347 угостителски објекти, 3 лица лишени од слобода, затекнати 56 малолетници (ВИДЕО)
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.01.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.
Притоа, санкционирани се 213 возачи, од кои 140 на територијата на Скопје, 23 на територија на СВР Тетово, 17 на територија на СВР Битола, 14 на територија на СВР Велес… При акциската контрола санкционирани се и 239 останати сообраќајни прекршоци.
Никола Ивановски