Градскиот превоз во најголем дел ќе профункционира од 1 февруари (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Од први февруари во најголем дел ќе започне повторно да се одвива градскиот превоз во Куманово, рече денеска градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

Како што појасни градоначалникот, поради одржување на изборите и изборот на новиот состав на Советот на Општина Куманово немало можност да се донесе одлука за линискиот превоз, па граѓаните останаа без него во јануари.

– Поради одржување на изборниот период и изборот на новиот состав на Советот не бевме во можност да донесеме нова одлука и да дадеме со истата одлука која се носи од страна на Советот, можност на сите компании до градот да учествуваат во транспарентна тендерска постапка, не сакајќи да фаворизираме и да се држиме до старото искуство и да се фаворизираат само неколку компании, рече Димитриевски на денешната прес конференција при посетата на евроамбасадорот Дејвид Гир.

 

 

Поради изборот на новото локално раководство на 30 октомври, вели Димитриевски, немало временска рамка да се заврши целата постапка при што поради тоа денеска им се извини на граѓаните.

– Поради таквите технички пропусти имавме проблем и во јануари немаме јавен превоз, јавно им се извинувам на граѓаните и жалам за овие технички неможности, но општина Куманово има свои приротиети, а тоа е заштита на животната средина и употреба на современи или помодерни возила кои загадуваат многу помалку од постоечките возила кои се возат во јавниот превоз, рече градоначалникот.

Loading...

На јавниот повик се пријавиле повеќе фирми, но по изборот за пет или шест од линиите била поднесена жалба од страна на одредени превозници и сега постапката е во рацете на второстепена комисија при Министерството за транспорт и врски.

– Треба да се произнесе второстепената комисија во Министерството за транспорт и врски, а денеска ќе бидат потпишани договори со компанииите кои имаат добиено на тендерските постапки за веќе поставените линии кои се над 20 во општина Куманово и се надевам на тие линии од први февруари е воспоставиме превоз, појасни градоначалникот.

Димитриевски уверува дека учениците нема да останат без бесплатниот превоз, затоа што тоа е сосема друга постапка и секое од училиштата може да потпише договор со превозниците.

– Оваа постапка не ја доведува постапката во вршење превоз на ученици, таа  е независна и секое училиште може да си потпише договор со превозници кои ќе вршат превоз, што значи училиштата ќе почне да функционираат од први а за учениците ќе има обезбеден превоз, појасни тој.

Градоначалникот рече дека најголем дел од превозот ќе биде ставен во функција од први, а упати и надеж дека доготаш ќе заврши и жалбената постапка.

– Овие обжалени постапки за тој мал број линии и целата постапка е предвидена согласно законот. Седум или 8 дена на кој треба комисијата да одговори и подоцно второстепената комисија ја носи одлуката врз база на тие приговори. Верувам дека целата постапка ќе се заврши до први и почетокот на февруари, но времето ќе покаже тоа е жива материја, не можам да преудицирам која компанија ќе добие ниту да се инволвирам во работа на комисијата, која е избрана независно и е стручна и во овој случај има можност и потреба и обврска да ги избере најповолните понудувачи, рече Димитриевски.

Засега не е познато кои превозници ги добиле линиите за кои нема поднесено жалби и со кои денеска ќе бидат потпишани дел од договорите.

Според условите на тендерската постапка, граѓаните треба да добијат поквалитетна услуга, бидејќи новите превозници мора да имаат возила со најмалку Евро 4 стандард. На конкурсот биле рангирани според квалитетот на понудата, односно повеќе поени добивале оние превозници што имаат поголем стандард од минималниот Евро 4, а повеќе поени добивале и оние што нудиле повеќе термини за соодветната линија за која аплицирале.

Loading...

Никола Ивановски