Фотографиите се едни од највредните спомени од свадбата и на многу парови не им е тешко да одвојат голема сума за фотографите да направат најубавиот ден во нивниот живот да изгледа исто на фотографиите.
Една жена по име Каила од Викторија во Австралија се омажила во 2016 година и со задоволство ги гледала нејзините свадбени фотографии. Но, таа не ни знаела дека се украдени додека полицијата во Квинсленд не објавила нејзина фотографија на својата Фејсбук страница.
Имено, полицијата на 04.01.2018 година во станот на 19-годишник од Логан пронашла украдено УСБ. Потоа на УСБ-то нашле свадбени фотографии, но не знаеле кој има на нив.
За да откријат чии се тие фотографии, тргнале во потрага преку Фејсбук објавувајќи фотографија од невестата со две деверици.
Но, ниту невестата, ниту деверушите се на Фејсбук, туку еден од соседите ги препознал и ја поврзал невестата со полицијата.
– Сестра ми живее во Квинсленд и ѝ го скршиле автомобилот и очигледно УСБ-то со фотографиите и го украле. Тоа не го забележала додека соседот не и кажал дека полицијата ја бара на Фејсбук – изјавила Каила. Иако има копии од нејзините свадбени фотографии, Каила е пресреќна што се пронајдени. Таа фотографија отсекогаш ни била посебна, но сега ја сакаме уште повеќе“, изјави таа.