Тестенините со векови се гордост на Италијанците, а колку сериозно ја сфаќаат најдобро покажува податокот дека поради бизарен случај шефот на еден познат ресторан во Фиренца решил да организира бесплатен курс за готвење за три девојки од Америка.
И се префрламе во 2018 година, кога три девојки од САД дошле во Фиренца преку студентска размена.
Бидејќи биле гладни, решиле сами да ги подготват тестенините, а во таа прилика предизвикале пожар, благодарение на тоа што при готвењето заборавиле една „ситница“ – водата.
Имено, тие ставиле тестенини во шерпите, не знаејќи дека во шерпата покрај тестенините оди вода.
Ова довело до пожар кој го зафатил шпоретот, а потоа и половина од кујната.
На местото на настанот, покрај пожарникари, излегле и припадници на полицијата.
Кога откриле што довело до пожарот, Италијанците, меѓу кои и Фабио Пичи, готвач и шеф на познат ресторан во Фиренца, не можеле да се вразумат од шокот.
Како што рече тогаш тоа што се случило не било нималку смешно, туку поразително и за општеството и за неговиот град.
„Како генерација и како Фиренца се чувствувам виновен. Чувствувам дека има силен комуникациски дефицит во овој град. Што им пренесовме на овие девојки кои дојдоа овде да учат и се обидоа да го направат најтипичното јадење од нашата гастрономска култура? Немаме што да се смееме? Не е смешно. Решив да им дадам 4-часовен бесплатен курс за италијанско готвење и ги покануваме на ручек во мојот ресторан“, изјави тој тогаш за италијанските медиуми.