Изнајмила ламбурџини и исчезнала: Сопственикот на возилото нуди награда од 25.000 евра

Сподели со своите пријатели

Пред десет дена жена изнајмила луксузен автомобил Ламборџини во Спрејтенбах на два дена.

Таа ја покажала возачката дозвола и сите документи, а на сопственикот ништо не му било сомнително.

Таа цел ден возела низ Швајцарија, а потоа ја преминала границата, а сопственикот на фирмата за изнајмување автомобили вели дека ГПС сигналот исчезнал во Австрија.

Неодамна во Словенија е виден автомобилот.

Сопственикот понудил и награда од 25 илјади евра за каква било информација за украденото Lamborghini, пишува Badener Tagblatt.