Пред десет години, во американската сојузна држава Орегон, неколку дрвја ариш беа засадени во шумата со ела наречена Даглас. Сега секоја есен таму се појавува еден огромен, портокалов смајли.
„Смајли е речиси невидлив во текот на пролетта и летото, но изгледа одлично на есен“, пишуваат локалните медиуми.
Се наоѓа на земјиштето на компанијата „Хемптон Лумбер“, чија портпаролка Кристин Рамсусен изјавила дека идејата ја смислил во 2011 година косопственикот на компанијата и нејзиниот тогашен менаџер.
Според неа, тие двајца таа година организирале садење ариш при што со јаже се правело круг, но и очи и уста.
Дијаметарот на смајлито е долг околу 90 метри.

