Klein Vision разви вистинско возило кое може да полета, исто како во филмовите. Доби едноставно име – Воздушен автомобил, а од автомобил во авион се префрла за помалку од три минути.
По 70 часа пробни летови возилото доби дозвола од словачкото Министерство за транспорт и благодарение на тоа може да лета во сите земји членки на Европската унија. Така Air Car стана вистински авион – а глетката секако може да ги збуни граѓаните, бидејќи изгледа како обичен автомобил кој лета. За среќа, има крила, па не изгледа како мистериозна сила да го вози автомобилот.
Снимките од тест-лет изгледаат како фотомонтажа, или некој трик, но сепак тоа е реалност. Се чини дека иднината е близу, а со неа и возилата кои полетуваат од автопатот во облаците.