Човек по име Сенка живее на вода веќе 17 години и си изградил свој пловечки остров.
Островот се состои од двокатна куќа, кокошарник, градини и барака за одложување смет.
Сенка ја направил својата империја од рециклиран материјал, а островот се наоѓа во Канада.
Собира огревно дрво од реката, сам одгледува храна во градината до куќата, носи свежа вода од блискиот извор и добива струја преку соларни панели.
А целата друга вода ја филтрира и ја користи за наводнување на растенијата што ги одгледува во шишиња, кофи, буриња…
Ѓубрето се произведува минимално, бидејќи тој рециклира се што може. Исто е и со парите.
Вели дека му требаат многу малку пари за живот и дека е задоволен од постигнатото досега.
Иако сè звучи како бајка, животот на одржлив остров е 99% напорна работа и 1% забава!