Британската полиција ги истражува наводите за забавите на премиерот Џонсон

Сподели со своите пријатели

Британската полиција денеска соопшти дека ги истражува наводите за низа настани одржани во канцелариите на премиерот Борис Џонсон во Даунинг Стрит за време на Локдан, по обвинувањата дека тогаш бил прекршен законот.

Loading...

„Можам да потврдам дека полицијата сега ги истражува настаните што се случиле во Даунинг Стрит и Вајтхол во последните две години, во врска со потенцијални прекршувања на прописите“, изјави шефицата на метрополитенската полиција Кресида Дик, пренесува Ројтерс.

Според британската агенција во извештајот, овој последен настан е додаден на долгата листа на прекршувања на карантинот во Даунинг стрит, вклучително и забавата „донеси своја пијачка“, на која Џонсон рече дека присуствувал мислејќи дека тоа е работен настан.

Британскиот премиер Борис Џонсон организирал забава за неговиот роденден за време на првото заклучување воведено поради Ковид-19 во јуни 2020 година, кога беа забранети сите социјални собири во затворени простории, објави ITV News.

Неговиот кабинет негираше дека била организирана забава и за ITV News изјави дека група вработени кои работеле во премиерската резиденција тој ден се собрале накратко во кабинетот по состанокот за да му го честитаат роденденот на премиерот, „кој траеше помалку од 10. минути“.

Во соопштението од владиниот кабинет се наведува дека истрагата, која ја води вишата државна службеничка Сју Греј, продолжува, како и дека таа е во контакт со Метрополитен полицијата.

Според извештаите на медиумите, објавувањето на нејзините наоди во врска со оваа истрага може да биде одложено.

Според анкетите на јавното мислење, јавните изјави на премиерот Џонсон го загрозиле неговиот рејтинг, а неколку конзервативци го повикале да поднесе оставка, потсетува Ројтерс.

Loading...