Слеп патник летал 11 часа помеѓу гумите на авионот: Кога виделе во каква состојба е сите останале шокирани!

Сподели со своите пријатели

По некое необјасниво чудо, слепиот патник преживеал нереално патување од Јужна Африка до Холандија додека се криел пред товарен авион.

Мажот е откриен стиснат во купето со тркала под трупот на товарниот авион „Карголук Боинг 747“ на аеродромот Шифол во Амстердам, соопшти холандската воена полиција.

Летот од најголемиот град во Јужна Африка, Јоханесбург, до Амстердам трае околу 11 часа, а авионот запира и на аеродромот во Најроби, Кенија, што го направи патувањето уште повеќе.

Портпаролката на холандската полиција Џоана Хелмондс изјави дека е „вонредно“ што маж, чиј идентитет, возраст и националност се уште не се утврдени, преживеал опасни и невозможни услови.

 

 

– Наша прва грижа е секако неговото здравје. Дефинитивно е многу необично што некој успеал да го преживее студот на таква височина – многу, многу необично. Сосема е неверојатно што е се уште жив – изјавил Хелмондс, пренесува Дејли Меил.

Според веб-страницата на аеродромот Шифол, Боинг 747 лета на надморска височина од 30 километри и брзина од околу 900 километри на час.

Во меѓувреме, стандардната температура на таа надморска височина е околу -54 степени Целзиусови и има околу 25 проценти помалку кислород отколку на копно.

 

 

Тоа се состојби кои вообичаено би резултирале со хипоксија, смрзнатини, хипотермија и низа други болести.

Слепиот патник некако успеал да ги преживее овие ужасни услови неколку часа.

– Човекот добро ги согледува околностите и е префрлен во болница. До крајот на истрагата не сме во можност да дадеме дополнителни коментари – се наведува во соопштението на полицијата.

Слепите патници на летовите за Холандија се многу ретки, додаде портпаролката на полицијата, истакнувајќи дека претходните обиди вклучувале потенцијални мигранти од Нигерија и Кенија.