Не опаѓа бројот на нови случаи во Куманово: Нови 483 случаи изминатата недела

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (17.01.2022 до 23.01.2022) во Куманово се регистрирани скоро ист број случаи како и неделата претходно.

Loading...

Според статистиките на Министерството за здравство во текот на изминатата седмица се регистрирани вкупно 483 нови случаи во Куманово (заедно со Липково и Старо Нагоричане), додека во седумте дена претодно, биле регистрирани 482 нови.

 

 

Најмногу нови случаи за еден ден во текот на изминатата недела биле регистрирани во вторник, дури 88 лица позитивни на ковид-19.

Во текот на изминатата недела починати се три лица поради компликации од коронавирусот, додека неделата претходно имало само еден починат пациент.

Заклучно вчерашната статистика на Институтот за јавно здравје, во Куманово активни се вкупно 748 случаи.

Loading...

 

 

Од почетокот на пандемијата во Куманово, Липково и Старо Нагоричане регистрирани се 14.307 случаи позитивни на ковид.

Досега во Македонија се направени вкупно 1.746.689 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 256.281, бројот на оздравени пациенти е 227.492, на починати е 8.218, а бројот на активни случаи изнесува 20.571.

Никола Ивановски