Триесет и тригодишен маж од Скопје вчера пријавил во Секторот за внатрешни работи Куманово дека бил измамен од едно лице за сума од 1.000 евра.
Loading...
– Според пријавеното, лицетo преку социјална мрежа објавило оглас за продажба на пченка, по што откако се договориле за сумата и местото на кое ќе му биде донесена пченката, пријавителот ја исплатил договорената сума на лице испратено од пријавениот, но кога пристигнал на местото да си ја земе пченката, друго лице не му ја дало, бидејќи наводно не му било платено, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Од кумановската полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски