Двајца кумановци повредени во сообраќајка на „Проевски мост“

Сподели со своите пријатели

Во сообраќајка на „Проевски мост“ во Куманово вчеравечер две лица биле повредени, од кои едно потешко.

Loading...

– На 20.01.2022 во 21.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во близина на „Проевски мост“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(34) и патничко возило „тојота“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(53), двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Во несреќата, Б.З. се здобил со тешки телесни повреди, а Д.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од  увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски