Сателитски снимки ја прикажуваат катаклизмата на Тонга (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг, ја покажуваат земјата и дрвјата покриени со пепел и огромната штета предизвикана од вулканската ерупција.

Ова е особено забележливо на фотографиите на Номука, мал остров во јужниот дел на групата острови Хапаи.

Фотографиите се направени од авионот од страна на одбранбените сили на Нов Зеланд, а беа прикажани и сателитски снимки на Обединетите нации.

 

 

Сателитските снимки покажуваат речиси идентични сцени на островите Коломоту, Тонгатапу и селото Фафа на островот Нукуалофа, кои се целосно покриени со пепел, пренесува Гардијан.

Додека некои згради сѐ уште стојат, други се урнати, според снимките.

 

 

На меѓународниот аеродром Фуамоту, пистата беше потопена и делумно покриена со пепел или земја, а сателитски снимки покажуваат дека крајбрежните области се поплавени.

Саботната ерупција на подморскиот вулкан Хунга Тонга-Хунга Хапаи, 65 километри северно од главниот град Тонга, се смета за најголемиот вулкански настан во последните 30 години.

На социјалните мрежи набрзо се појавија видеа и фотографии од бранот цунами кој ги погоди околните острови, но молк откако беше оштетен главниот комуникациски кабел.

 

 

Оттогаш, комуникацијата со Тонга е многу ограничена, а граѓаните на Тонга ширум светот можеби ќе треба да чекаат со недели за да продолжи редовниот контакт.

Министерството за надворешни работи и трговија на Нов Зеланд денеска соопшти дека во Тонга се потврдени два смртни случаи во оваа катастрофа, од кои едниот е британски државјанин.

Властите во Тонга сѐ уште не објавија информации за жртвите, но семејството на Британката Анџела Гловер, која живееше во Тонга и исчезна во цунамито, вчера соопшти дека нејзиното тело е пронајдено.