Силен земјотрес во Турција, причинета материјална штета

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Кајсери во Турција, јави агенцијата Анадолија.

Причинета е штета на неколку станбени објекти, а сите надлежни екипи се на терен, соопштија локалните власти.Засега нема информации дека има загинати во земјотресот.

Ајхан Оран (43), кој живее во населбата Палас, рекол дека земјотресот ги разбудил.

Часовникот закачен на ѕидот паднал и се создале неколку пукнатини во куќата, раскажал тој.

„Беше страшно. На животните не им беше ништо. Неколку парчиња камен паднаа во шталата, но нема причина да се плашиме”, рекол Оран.