Во четврток ќе заседава Советот на Општина Куманово: Ова е дневниот ред!

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово во четврток ќе ја одржи својата четврта редовна седница во свечената сала на поранешен Комитет со почеток во 10 часот.

Loading...

На дневен ред се 14 точки, меѓу кои предлог програмата за работа на Советот за 2022 година, но и низа точки со предлог решенија за именување нови членови на Управни и Надзорни одбори во повеќе јавни претпријатија и установи. 

Во продолжение и целосниот дневен ред:

1. Извештај за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Куманово за 2021 година;

2. Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Куманово за 2022 година;

3. Програма за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2022 година;

4. Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово;

5. Стратегија за делување на Локалниот економско-социјален совет на Општина Куманово за периодот 2022 – 2026 година;

Loading...

6. Предлог – Решенија за именување на членови на Управен одбор на:
• ЈП „Водовод“ Куманово
• ЈП „Пазаришта“ Куманово
• ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово
• ЈП „Куманово – гас“ Куманово
• ЈП „Куманово – паркинг“ Куманово
• ЈП „Куманово – план“ Куманово

7. Предлог – Решенија за именување на членови на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиско работење на:
• ЈП „Водовод“ Куманово
• ЈП „Пазаришта“ Куманово
• ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово
• ЈП „Куманово – гас“ Куманово
• ЈП „Куманово – паркинг“ Куманово
• ЈП „Куманово – план“ Куманово

8. Предлог – Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈОУД Детска градинка „Ангел Шајче” – Куманово;

9. Предлог – Решение за именување на членови на Органот за надзор во ЈОУД Детска градинка „Ангел Шајче” – Куманово;

10. Предлог – Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски” – Куманово;

11. Предлог – Решение за именување на членови на Одборот за контрола на материјално-финансиско работење на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски” – Куманово;

12. Предлог – Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто” – Куманово;

13. Предлог – Решение за именување на членови на Органот за надзор на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто” – Куманово;

Loading...

14. Предлог – Решение за именување на претставници од Општина Куманово за членови на Управниот одбор на Јавната установа – Општински ученички дом „Професор Мијалковиќ” – Куманово.