Во Германија, повеќе од осум милиони луѓе се заразени со коронавирус.
Loading...
Институтот Роберт Кох соопшти дека бројот на заразени се искачи на 8.000.122, вклучително и 34.145 во последните 24 часа.
Регистрирани се 30 нови смртни случаи поврзани со инфекција со Ковид-19, вкупно 115.649.
Неделната инциденца, односно бројот на новозаболени на 100.000 жители е 528,2, а активни се 884.500 заразени.
Првата доза од вакцината била дадена на 62,4 милиони луѓе, втората доза на 60,5 милиони, а дополнителната доза на 39,2 милиони луѓе.