Српскиот интернационалец Александар Андрејевиќ се враќа во редовите на Кошаркарскиот клуб Куманово каде играше и во текот на сезоната 2020/21.
Loading...
Информацијата за Кумановски Муабети ја потврдија и од управата на клубот.
Инаку Андрејевиќ во претходната сезона додека го носеше дресот на Куманово оствари во просек 12,4 поени по натпревар и 7,7 скокови.
Во септември минатата година тој потпиша договр за Пењас Хуеска во Шпанија, од каде повторно се враќа во Куманово.
Loading...
Триесетгодишниот центар има играно за повеќе македонски клубови во својата кошаркарска кариера, но и во Здравје, Раднички, Спартак, Ибар Рожаје, играше и во составот на АВ Охрид.
Никола Ивановски