Програмерите на апликации во App Store досега заработиле повеќе од 260 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Креаторите на апликации заработиле повеќе од 260 милијарди долари од 2008 година од продажба на дигитални производи и услуги на App Store, објави американскиот технолошки гигант Епл.

Loading...

Само минатата година, програмерите заработиле 60 милијарди долари, соопшти Епл.

Посочуваат и дека потрошувачката на корисниците на App Store во периодот од Бадник до Нова година достигна највисоко ниво откако ја воведоа во понудата, без да наведат бројка.

 

 

Само додадоа дека во споредба со периодот на одмор на крајот на 2020 година, потрошувачката бележи двоцифрен раст.

Во јуни минатата година, Епл објави дека во 2020 година, вредноста на издадените фактури и продажбата во екосистемот на App Store се зголемила за околу една четвртина, на 643 милијарди долари.

Loading...