Авионите повеќе нема да можат да летаат ниско над замокот Виндзор, на периферијата на Лондон, каде што од почетокот на епидемијата на корона вирусот престојува британската кралица Елизабета Втора, соопшти денеска локалната полиција.
Ограничувањето на воздушниот простор до 760 метри над и околу замокот ќе стапи на сила на 27 јануари, соопшти полицијата, нагласувајќи дека одлуката е донесена по јавни консултации.
„Секој лет во таа зона ќе бара одобрение“, под закана од кривично гонење, додаде полицијата.
Оваа дополнителна безбедносна мерка е донесена поради граѓаните кои живеат во околината на лондонскиот аеродром Хитроу.
Одлуката е донесена откако маж вооружен со стрела на Божиќ се обидел да упадне во замокот во кој кралицата го прославувала празникот.