Топлотниот бран ја остави Аргентина без струја

Сподели со своите пријатели

Главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, вчера имаше голем прекин на електричната енергија, по што илјадници домаќинства останаа без струја, во услови на силен топлотен бран во кој температурите се искачија над 40 степени целзиусови.

Loading...

Дистрибутерите на струја „Еденор“ и „Едесур“ пријавиле прекини во снабдувањето со електрична енергија бидејќи граѓаните користеле разладни уреди во домовите и фирмите поради високите температури, пишува Ројтерс.

Проблем и со водоснабдувањето

Националната регулаторна управа за електрична енергија (ENRE) соопшти дека 700.000 корисници на Edenor и 43.400 Edesur останале без електрична енергија во Буенос Аирес.

AySA, која обезбедува вода за пиење во Буенос Аирес, побара од населението да ја оптимизира употребата на водата бидејќи прекинот на електричната енергија влијаеше и на неговиот систем за третман.

Високи температури во остатокот од неделата

Експертите предвидуваат дека во Буенос Аирес во продолжение на неделата ќе има високи температури кои ќе достигнат до 40 Целзиусови степени.

„СМН издаде предупредување во очекување на екстремен топлотен бран оваа недела, со температури кои би можеле да достигнат 41 степен Целзиусов во концесиското подрачје“, рече Едесур во е-поштата што ја испрати до своите клиенти.

Loading...

„Работиме на зајакнување на нашата мрежа поради зголемената побарувачка“.