ДАЛИ Е МОЖНО? Полицијата запрела автомобилот, а кога го отвориле багажникот останале шокирани! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Њубери (Пенсилванија, САД) неодамна забележала необичен случај, откако сопрела 19-годишен возач поради сомнително однесување.

Патролата ја легитимирала девојката зад воланот, бидејќи се посомневала дека вози под дејство на алкохол или дрога, а потоа побарале од неа да го отвори багажникот.

На нивно изненадување, во багажникот  имало елен!

Што се случило?

Објавената снимка нема тон, па не можеме да го слушнеме разговорот на полициските службеници со возачот и совозачот (21-годишно момче).

Девојката рекла дека го удрила животното на патот и го ставила во багажникот мислејќи дека е мртво. По извесно време еленот се освестил, а таа продолжила да вози додека не ја запрела полицијата, пренесува Carscoops.

Чуварите побарале итно да се ослободи преплашеното животно, а потоа ги привеле 19-годишната девојка за понатамошна истрага.