Иако ветиле дека никогаш нема да се занимаваат со темата пиротехника, Дарко и неговиот тим од Јутјуб каналот „DumDum“, покрај темите за огнено оружје и воздушно оружје, неколку години се занимаваа и со темата за опасност од петарди.
Имајќи предвид дека во пресрет на новогодишните и божиќните празници се случуваат разни несреќи поради пиротехнички средства, темата која никогаш не застарува се наметна со цел да се подигне свеста кај љубителите на петарди и да се намали бројот на несреќи.
Дарко до пред неколку години за ова видео одбираше неколку видови и големини на петарди, со кои се обидувал да претстави два вида можни повреди кои најчесто се случуваат и кај малолетниците.