Продаваат куќа од 700.000 евра, а во подрумот стриптиз клуб (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Наизглед обична куќа со тајна стриптиз шипка скриена во подрумот е пуштена на пазарот за над 700.000 евра.

Куќата може да се пофали со пет спални соби и три и пол бањи.

Има голем базен и тераса која е одлична за семејни собири или дури и забави.

Куќата е елегантно уредена со дрвени детали, голема трпезариска маса над која се наоѓа импресивен лустер.

Сепак, потенцијалните купувачи остануваат во шок кога се симнуваат во подрумот – ноќен клуб со фрижидери полни со пијалаци, црни кабини, маса за билјард, неонски табли, голем бар и подиум за танцување.

 

 

Има и дел за стриптиз со сцена, барови за танцување и голем кауч за гледање.

Многумина биле шокирани откако на интернет станаа вирални слики од куќа со ноќен клуб и стриптиз клуб, пишува Мирор.

– Живеам веднаш преку границата во Илиноис. Тоа е еден од најдобрите клубови во Индијана! – напиша еден.

– Совршена куќа за интроверти. Можете да излезете и да останете дома во исто време – рекол третиот.

Доколку ваква куќа не е за вас, тогаш би можеле да се заинтересирате за куќа со две спални соби која е на пазарот по подобра цена од околу 200.000 евра. Тоа е октагонална „готска“ куќа обоена и внатре и надвор во црно.

 

 

Сопственикот Сет Гудман одлучил дека му се допаѓаат темните бои и ја преуредил целата надворешност на куќата. Но, за жал, тој немал никакви понуди и покрај ниската цена.

„Бев заинтересиран и на почетокот мислев дека само ќе ја сменам куќата, но откако мојот дом беше продаден, ми требаше стан за да живеам“, рече Линколн Курир.

– Сакав да го направам помодерен и откако го видов црниот покрив помислив зошто да не користам се во црно, од камења, гипс… – додаде тој.