Американката Џена Филипс (21) досега заработила повеќе од милион долари, благодарение на тоа што случајно открила дека на платформата Only Fans има многу луѓе кои се склони кон бизарни фетиши.
Таа од јули минатата година имитира куче пред своите придружници и прави се што може да се очекува од тоа животно – носи топчиња, јаде од чинија, душка на улица, а по потреба и одмара во кафез.
Таа пред неколку дена на ТикТок ги изненадила сите кои досега не слушнале за неа, бидејќи објави снимка од нејзината пресметка со девојка со идентични склоности.
Две убавици кои обожаваат да си играат кучиња се сретнале на една улица среде бел ден, па исто како и кучињата влегле во „конфликт“ при што си лаеле.
Бизарното видео досега собра повеќе од 14 милиони прегледи, а го и коментираше Џордан Белфорт, американски претприемач познат и како „Волкот од Волстрит“.
https://www.tiktok.com/@thepuppygirljenna/video/7049441036162272558?is_from_webapp=1&sender_device=pc&web_id7014071364122510854