Бројот на починати во Унгарија би можел да достигне 200 на ден

Сподели со своите пријатели

Дневниот број на нови случаи на ковид-19 во Унгарија би можел да достигне нов врв и да ја надмине бројката од 13.000, при што бројот на смртни случаи достигнува 200 мртви дневно, предупреди денеска министер во унгарската влада.

Loading...

Миклош Каслер, кој е министер за човечки ресурси, но и задолжен за здравство, за локалниот „Инфорадио“ изјави дека владата размислува да понуди четврта доза од вакцината, но дека се потребни повеќе анализи за да се процени колку долго ќе трае имунитетот по третата доза, јави Ројтерс.

Унгарија објави 6.524 нови инфекции во петокот, а 39.780 луѓе починале од Ковид-19 од почетокот на пандемијата.

Нешто повеќе од шест милиони од 10-те милиони луѓе во Унгарија примиле најмалку две дози од вакцината, а 3,21 милиони примиле трет додаток.

Сепак, стапката на вакцинација во земјата сè уште заостанува зад западноевропското ниво.

Владата на премиерот Виктор Орбан од ноември ја интензивираше кампањата за вакцинација, а сега на сите им нуди вакцини, без претходна регистрација, како и дополнителни дози за деца од 12-17 години.

Училиштата во Унгарија повторно беа отворени низ целата земја оваа недела.

Во Унгарија задолжителна е бустер доза за здравствените работници, а вакцинација за сите наставници.

Loading...