Шведска ќе воведе дополнителни мерки за сузбивање на зголемениот број случаи на Ковид-19 и зголемен притисок врз здравствениот систем, изјави денеска шведската премиерка Магдалена Андерсон.
Loading...
– Ситуацијата несомнено е влошена. Нивото на зараза во Шведска е на историски високо ниво – изјави Андерсон на прес-конференција, пренесува Ројтерс.
Новите мерки вклучуваат работа од дома каде што е можно, ограничено работно време за барови и ресторани и ограничен број луѓе на јавни настани.