Папата Франциск денеска рече дека вакцинацијата против коронавирусот е морална обврска и ги критикуваше луѓето кои отфрлаат една од „најразумните“ мерки за спасување животи поради неосновани информации.
Во говорот пред амбасадорите акредитирани во Ватикан, тој ги повика луѓето повторно да се вакцинираат, а имунизацијата ја нарече чин на љубов. Избегнувањето на тој чин е, како што наведе, самоубиство.
Тој додаде дека поединците имаат одговорност да се грижат за себе и дека тоа станува почитување на здравјето на сите оние околу нив.
„Здравствената заштита е морална обврска“, рече тој.
Тој изрази жалење поради идеолошките поделби кои ги обесхрабруваат луѓето да се вакцинираат.
„Луѓето честопати дозволуваат да бидат под влијание на идеологијата на моментот, често поткрепени со неосновани информации или слабо документирани факти“, рече тој, додавајќи дека вакцините не се магичен лек, но секако се „најразумното решение за спречување на болести.”