Интензивни врнежи од снег во кумановско, екипите за чистење на терен

Сподели со своите пријатели

Интензивни врнежи од снег денеска околу пладне го зафатија кумановско, а екипите за зимско одржување на улиците се веќе на терен, смируваат надлежните.

Loading...

Нешто поголема е снежната покривка во селските средени, додека во приградските населби и центарот на градот има помала количина на снег, но веднаш се чистат приоритетните зони.

– Се прска со средство за топење лед, машините се на терен се работи на чистење на крстосници од прва, втора зона во градот и по приротет трета зона- изјави Момчило Јовановски, помошник раководител на Одделението за комунални дејности при Општина Куманово.

Општина Куманово во ноември, лани избра компанија за зимско одржување на градот. Договорот со најповолниот изведувач е склучен во октомври, годинава по претходно објавена јавна набавка.

Според податоците објавени на електронскиот систем за јавни набавки општина Куманово за зимско одржување ќе одвои 8.993.016 денари. На тендерот е избрана фирмата „Кооп Инженеринг“.

Градот како и претходните години е поделен на источна и западна зона и според правилата се чисти по приоритет при снежни врнежи првата зона, централното градско подрачје, големите крстосници, улици каде се сместени витални објекти, по што следува втората зона, улиците и населените места по налог.

Избраната компанија, информираа тогаш надлежните поседува специјални возила, меѓу нив, камиони, со различни перформанси, големина, капацитет, соларки, снежни плугови, булдожери, грејдер, претходно наведено во барањата на тендерската постапка.

Фирмата има и доволно количина на сол и ризла. Покрај градот, компанијата е должна да ги одржува и патиштата кои водат кон 42-те села, кои гравитираат околу Куманово.

Loading...

Во чистењето на градот ќе се вклучи и ЈП „Чистота и Зеленило“ чии екипи ќе нанасуваат средство за спречување од настанување лед, а ќе ги стави на располагање и два трактори кои можат да се адаптираат со ножеви за чистење на снег.

фото: архива